Сите незадоволни кандидати кои сметаат дека бодовите кои ги освоиле на тестирањето не соодветствуваат со реалната бодовна ситуација, имаат право да поднесат приговор до АВРМ најдоцна до 16:30 часот заклучно со 31.01.2012 година.
Тестот се смета за положен со освоени над 500 бода, а во обуките ќе учествуваат првите 20 кандидати од конечната ранг листа.
Кај оние кандидати кои што освоиле ист број на бодови, предност ќе има кандидатот кој порано поднел апликација за учество на обуката и кој е со подолго време на чекање во евиденцијата на невработените лица.
Напомена: ваучерите ќе ги добијат оние кандидати кои во моментов имаат статус на невработено лице.