Почитувани граѓани и корисници на услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија,

Ве известуваме дека, почнувајќи од понеделник, 25.09.2017 година, работното време на Агенцијата за вработување на Република Македонија и подрачните центри за вработување ќе почнува во 7:30 часот, а ќе завршува во 15:30 часот.
Притоа, службата за пријавување и одјавување на работни односи во центарот за вработување на Град Скопје ќе работи како и досега, до 18:30 часот.

Со почит,

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

___________________________________________________________________________________

Почитувани,

Ве известуваме дека Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 132 од 20.09.2017 година.

Ги покануваме сите заинтересирани лица да поднесат лично барање до надлежните центри за вработување каде што се евидентирани.

Рокот за поднесување на барањата е една година, односно до 19.09.2018 година.

Напоменуваме дека при поднесување на барањето, заинтересираните лица треба да поднесат единствено лична карта на увид, без дополнителна документација. Агенцијата за вработување на РМ ќе ги прибави сите потребни документи по службена должност од надлежните институции.

За сите подетални информации можете да се обратите во надлежните центри за вработување или на телефонските броеви објавени на нашата веб-страна www.avrm.gov.mk 

Со почит

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

__________________________________________________________________________________

Обуката за подготовка за вработување и вештини за барање на работа

Обуката за подготовка за вработување и вештини за барање на работа се финансира и спроведува од ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади“ како Компонента Д преку АВРМ. Планираниот опфат на учесници во оваа мерка е 1.400 млади лица до 29 години евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа на територијата на Р. Македонија...

повеќе...

Агенцијата за вработување на Република Македонија во рамки на постојната имплементација на проектот ,,Поддршка за вработување на млади“ финансиран од ЕУ, објавува јавен оглас за невработени лица (регистрирани како активни баратели на работа, на возраст до 29 години) заинтересирани за учество во Обука и советување за претприемништво

- Јавен Оглас на Македонски јазик

- Јавен Оглас на Албански јазик 

Обрасци за учество во проектот Самовработување со кредитирање и Самовработување со кредитирање на млади лица до 29 години

повеќе...

Оперативни Упатства за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот од Оперативниот План 2017 година и за Проектите Самовработување со кредитирање и Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места 

Акциски план за мониторинг на услугите за вработување

Акциски план за мониторинг на активните мерки за вработување


ЈАВЕН ОГЛАС ДО НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА И РАБОТОДАВАЧИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ПРАКТИКАНСТВО

повеќе...

Награда за Агенција за вработување за најдобар сајт на годината за 2016 година во категоријата владини/државни институции