Обуката за подготовка за вработување и вештини за барање на работа се финансира и спроведува од ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади“ како Компонента Д преку АВРМ. Планираниот опфат на учесници во оваа мерка е 1.400 млади лица до 29 години евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа на територијата на Р. Македонија.

Целта на оваа мерка е да им се овозможи на младите лица, првенствено да се мотивираат активно да се вкучат во пазарот на трудот, и истовремено да совладаат вештини и знаења кои би им биле од корист при барањето работа.

Обуката за подготовка за вработување и вештини за барање на работа е наменета за невработените млади лица до 29 години со умерени или значителни потешкотии при инеграција на пазарот на трудот, кои имаат завршено најмалку средно образование. Оваа обука има за цел да им овозможи на лицата да се стекнат со знаење и вештини за полесно вклучување на пазарот на трудот.

Обуките ги спроведува надворешен (фирма за мотивацики обуки) тренинг провајдер на обуки. Обуката има два модули во зависност од предходно извршената категоризација на невработените лица согласно индивидуалниот план за вработување. Едниот модул е Обука за вработување и барање на работа, во времетраење од 25 часа, односно долга обука и е наменет за лицата со значителни потешкотии во интегрирањето на пазарот на трудот, додека вториот модул е кратка обука за вработување и барање на работа од 10 часа, наменета за лицата со умерени потешкотии во процесот на барање на работа.

Критериуми за учество на барателите на работа во оваа мерка:

-          Млади лица на возраст до 29 години;

-          Евидентирани како активни баратели на работа и изработен индивидуален план за вработување;

-          Завршено најмалку средно образование.

 

Времетраење на еден час од обуката е 60 минути.

Провајдерот ќе ги реализира обуките низ цела територија на државата во сите центри за вработување каде ќе има минимум број на учесници за обука. Минимум потребен број на млади лица за кратката и за долгата обука е 6 лица. Една група не смее да брои повеќе од 20 лица, а помалку од 6.

Пред почетокот на обуката лицата потпишуваат договор. Тие не добиваат надоместок за обуката, бидејќи овие обуки  се услуги исто како мотивациските обуки кои веќе ги спроведува АВРМ, но разликата е што обучувачот е надворешна фирма (тренинг провајдер).

Обуките ќе се одвиваат во Центрите за вработување низ државата (онаму каде ќе се формира група) во предходен договор и насоки со координаторот на мерката и раководителот на Центарот. По завршување на обуката лицата добиваат сертификат.

За повеќе информации обратете се во работните клубови на Центрите за вработување.